Честитка од премиерот Димитриев до Исламската заедница

Премиерот Емил Димитриев испрати честитка до поглавар на Исламската заедница во Република Македонија, Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.- Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам започнувањето на Рамазанските пости.
Светиот месец Рамазан и почетокот на рамазанските пости отсекогаш биле познати како денови на добрата мисла и време кога треба да се има милост и разбирање за другите луѓе. Севкупно, рамазанските пости се време за духовно прочистување и возвишување на верниците од исламската вероисповед. Вредностите кои ги красат овие пости нека Ви бидат водилка во деновите кои претстојат, нека донесат многу радост и среќа во семејствата на верниците и севкупно во Република Македонија и нека ја промовираат соработката со Вашите роднини, пријатели и сограѓани.
Добрата мисла да придонесе сите ние, граѓаните на нашата земја, да работиме заедно за создавање на заеднички добра, за економски раст и подобар стандард на граѓаните, за поголем број можности за културен, образовен и општествен напредок во насока на изградба на силна и модерна Република Македонија.
Испраќајќи ви најискрени честитки, Ви пожелувам радосни празнични денови.- Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од име

Пронајдете не на следниве мрежи: