Со средства од околу три милиони денари од Министерството за култура ќе се врши комплетна внатрешна реконструкција на кино салата во Делчево, со што ќе се закружи проектот за негова целосна реконструкција започната во 2014 година со реконструкција на кровот и фасадата на објектот.Директорот на Центарот за култура „Никола Јонков-Вапцаров“, Љупчо Петровски, изјави дека реконструкцијата треба да започне за време на летниот период.
– Според проектот е планирано, а се надеваме дека ќе го исполниме комплетно, а тоа е да ја реконструираме сцената, таа е стара, нема добра подлога и тоа ќе биде доста сериозен зафат. Исто така, планираме комплетно д а ги промениме сите 200 столчињата, да се реконструира подот, но и да го спуштиме плафонот и реконструкција на страничните ѕидови што, секако, дека ќе придонесе во создавањето на едно убаво современо кино, рече Петровски.
Тој додаде дека реализацијата на овој проект треба да донесе подобри услови за организирање на културни манифестации.
– Во 2016 се надеваме дека ќе донесеме филмови кои ќе го побудат интересот на публиката, но овде ќе настапуваат и фолклорни групи за што изминатиов период разговараме и можам да најавам дека „Танец“ ќе настапи на новата сцена, рече Петровски за МИА.
Инаку, зградата на делчевското кино е градена во 30-ите години и е позната како соколана, бидејќи овде вежбале делчевските соколи, а паралелно се користело и за кинопроекција.
Со најавената внатрешна реконструкција, делчевци треба да добијат современо кино кое треба да ги врати љубителите на големото филмско платно.Директорот на Центарот за култура „Никола Јонков-Вапцаров“, Љупчо Петровски, изјави дека реконструкцијата треба да започне за време на