Делегација од Град Скопје положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски

Денеска /26.02.2016 година, петок/ делегација на Градот Скопје, предводена од секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски и членот на Советот на Град Скопје, Бранислав Саркањац, положи цвеќе на гробот на поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски и на гробовите на дел од загинатите во авионската несреќа, лоцирани во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел.На гробот на Претседателот Трајковски цвеќе положија и делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, државни институции, политички партии, претставници на дипломатскиот кор и здруженија на граѓани. Денеска се одбележува 12 годишнината од трагичната смрт на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.
Во авионската несреќа животите ги загубија и: портпаролот на Претседателот Трајковски, Димка Илкова Бошковиќ, советниците на претседателот Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот Марко Марковски и Бранко Ивановски.На гробот на Претседателот Трајковски цвеќе положија и делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, државни ин

Пронајдете не на следниве мрежи: