Дваесет и четири стипендии за учениците од основно и средно образование во Радовиш

Денес, во салата на Советот на општина Радовиш, Градоначалникот Сашко Николов официјално им ги врачи Договорите на овогодишните добитници на стипендии во основното и средното образование од општина Радовиш.Согласно распишаниот конкурс и донесената Одлуката за доделување на стипендии на ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2016/17 год., оваа година беа доделени вкупно 24 стипендии од кои 18 во основните општински училишта и 6 во средното општинско училиште.
Висината на стипендијата изнесува 2.500 ден. за основното образование и 3.000 денари за средното обазование, а се прима 9 месеци во текот на учебната година од октомври до јуни – додека трае учебната година.Согласно распишаниот конкурс и донесената Одлуката за доделување на стипендии на ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната

Пронајдете не на следниве мрежи: