Голем број на спортски манифестации и турнири по повод 13 ноември во Скопје

Денеска /12.11.2016 година, сабота/ по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, традиционално се одржуваат голем број на спортски манифестации.Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во спортската сала „Македонски Херои“ свечено го отвори карате турнирот „13 Ноември“, кој е во организација на КК „Цветан Димов“.
– Многу ми е драго што со оваа спортска манифестација ја збогатуваме програмата за чествување на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. На овој традиционален меѓународен турнир ќе се натпреваруваат околу 400 од 4 држави во сите категории. Ви посакувам добар настап и нека победат најдобрите – кажа градоначалникот Трајановски.
Денеска во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржуваат финалните борби од 46-от Меѓународен традиционален боксерски турнир „Златен Гонг Скопје 2016“. Во овогодинешното издание на најмасовната боксерска манифестација во Македонија учество ќе земат преку 50 натпреварувачи од 12 европски земји.
На дел од борбите присуствуваше и градоначалникот Трајановски, кој ги додели и медалите за најуспешните учесници во неколку категории.
Традиционално на оваа спортска Манифестација, што се одржува во чест на Денот на ослободување на Скопје-13 Ноември, се доделуваат Златен гонг за најдобар боксер, пехар за најдобар техничар, пехар за најдобар тренер, пехар за најдобар судија, пехар за најдобар македонски и најдобар странски боксер.
И оваа година турнирот „Златен Гонг Скопје 2016“ е под покровителство на Градот Скопје и Агенцијата за млади и спорт на РМ, во соработка со Сојузот на Спортските федерации на Република Македонија и Боксерската федерација на РМ.
Во рамки на спортските настани кои денеска се одржуваат по повод 13 Ноември, е и традиционалниот меѓународен турнир во куглање „Скопје Опен 2016“ коишто се одржува во кугланата „Мусандра“ во ГТЦ. И оваа година на турнирот ќе настапат натпреварувачи од повеќе земји во сениорска и јуниорска категорија.Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во спортската сала „Македонски Херои“ свечено го отвори карате турнирот „13 Ноем

Пронајдете не на следниве мрежи: