сабота, 28 ноември 2026
Најново

Најдобрите цртежи од конкурсот на тема „Моето училиште во иднина“ изложени во Капитол мол

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од вчера, 3.5.2016 година, најдобрите цртежи од ликовниот конкурс на тема: „Моето училиште во иднина“ се изложени во трговскиот центар „Капитол мол“.Признанијата и пофалниците за наградените ликовни творби официјално ќе бидат доделени во ТЦ „Капитол мол“ утре (5 мај) во 11:00 часот.
Инаку, во изборот за најдобар цртеж учествуваа околу 500 ликовни творби пристигнати од детските градинки и од основните училишта на територијата на Општина Аеродром и на Општина Карпош.
Целта на оваа манифестација е не само да се развие детската уметничка креативност и инвентивност, туку и младата популација од Општина Аеродром да се приближи кон европските вредности.
Ликовниот конкурс го организираа Општина Аеродром, Општина Карпош и Европското движење во Република Македонија по повод 9-ти Мај, Денот на Европа.Признанијата и пофалниците за наградените ликовни творби официјално ќе бидат доделени во ТЦ „Капитол мол“ утре (5 мај) во 11:00 часот.

Поврзани вести