Од денес почнува пописот на деловните субјекти во Општина Аеродром

Од денеска, 1-ви ноември, до 12-ти ноември ќе се спроведат две статистички акции: попис на капацитетите во трговијата на мало и попис на угостителските капацитети.Пописите ги организира Државниот завод за статистика, како надлежна институција за прибирање, обработка и дисеминација на статистички податоци.
Теренските активности ќе ги спроведат овластени попишувачи, кои ќе ги прибираат податоците по пат на интервју од деловните субјекти (продавници, хотели, ресторани и слично).
Со цел успешно да се реализира пописот на деловните субјекти, од Општина Аеродром апелираат тие да соработуваат со овластените попишувачи.Пописите ги организира Државниот завод за статистика, како надлежна институција за прибирање, обработка и дисеминација на статистички податоци.

Пронајдете не на следниве мрежи: