Отворен е вториот НВО Саем за волонтерство и активно граѓанство

Денеска /06.12.2016 година, вторник/ во Младинскиот културен центар по втор пат се одржува Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје.НВО саемот претставува одлична можност за здруженија на граѓани и фондации кои се регистрирани на територија на Град Скопје да ги презентираат своите активности пред јавноста и другите здруженија, да разменат искуства и да дадат сугестии за понатамошна соработка.
Саемот го отвори Ловрен Маркиќ, Раководител на Секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации на Град Скопје.
– Град Скопје и оваа година ја поддржува организацијата на овој саем за здруженија на граѓани. Навистина ми е драго што ве гледам во огромен број и од наредната година ќе гледаме овој саем да го организираме на поголем простор каде што ќе можат да учествуваат уште поголем број здруженија и организации. Сакам да Ви го честитам 5 Декември – Меѓународниот ден на волонтерството, ден на кој се одбележува активност која е многу значајна и важна, активност која полека повторно се враќа во нашето општество. Се надевам дека ќе го искористите овој форум за подобро меѓусебно запознавање и вмрежување, како и да земете учество во некој од трите форуми коишто се организираат во рамките на овој саем – кажа Маркиќ.
Годинава НВО саемот се одржува под мотото „Преку волонтерство до активно граѓанство” и на истиот учествуваат над 60 здруженија на граѓани и фондации.
Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје се организира како дел од активностите за одбележување на 5-ти декември, Меѓународниот ден на волонтерството.
Овој саем е во организација на здружението на граѓани „Волонтерски центар Скопје”, а финансиски е поддржан од Град Скопје.НВО саемот претставува одлична можност за здруженија на граѓани и фондации кои се регистрирани на територија на Град Скопје да ги презентираат свои

Пронајдете не на следниве мрежи: