Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со честитка за бошњачката заедница

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 септември.Бошњачката заедница, традиција и култура во нашата држава се длабоко вкоренети во нашето општество кои безрезерво и искрено даваат огромна поддршка и придонес во процесот на градење, зацврстување и негување на меѓусебните односи и културната разноликост која е карактеристина за Република Македонија.
Почитувањето на меѓусебните културни посебности и особености е вистинскиот патпо кој треба да се движиме и единствениот начин кој ни дава поттик и енергија да продолжиме да градиме силни врски на меѓусебно разбирање и толеранција.
Само така, сплотени и заедно ќе создадеме вредности за уште посилен и побрз развој и просперитет на Република Македонија. Во таа насока, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците и им посакува овој ден да го поминат во мир, радост и спокој во кругот на своите семејства, стои во честитката од пратениците на владејачката коалиција.Бошњачката заедница, традиција и култура во нашата држава се длабоко вкоренети во нашето општество кои безрезерво и искрено даваат огромна поддршка

Пронајдете не на следниве мрежи: