Прв училишен ден во Гази Баба

Во сите основни училишта во општина Гази Баба успешно и на време започна првиот училишен ден и новата учебна година. Градоначалникот Тони Трајковски ги посети основните училишта ОУ„ Стив Наумов“, ОУ„ 25 Мај“ и ОУ„ Кирил и Методиј“ каде ги поздрави учениците и наставниците и им посака многу успех во новата училишна година.Пред почетокот на учебната година во сите основни училишта се направија реновирања на работните простории, на објектите и на училишните дворови, а во основните училишта кои беа оштетени во поплавата се санираа штетите и на учениците им се обезбедија соодветни услови за реализација на наставата.
Со пригодна програма составена од приредба и музички точки на првачињата им се посака добредојде и многу успеси во образованието.
На подрачјето на општина Гази Баба има 11 основни училишта и 5 подрачни, во кои учат околу 7137 ученици , а оваа година во прво одделение се запишаа околу 782 ученици.Пред почетокот на учебната година во сите основни училишта се направија реновирања на работните простории, на објектите и на училишните дворови, а

Пронајдете не на следниве мрежи: