Работилници за изработка на мартинки во основните училишта во општина Чешиново-Облешево

Во период од 29.02 до 02.03.2016г., во основните училишта во општина Чешиново-Облешево се организираше работилница за изработка на Мартинки.Во работилницата учествуваа учениците од IV, V и VI одд., од двете основни училишта ОУ„Климент Охридски“ Облешево и ОУ„Страшо Пинџур“ Соколарци.
На самата работилница учениците се запознаа со приказната и народните верувања за мартинките, а воедно со својата активност и своите изработки ја продолжија заборавената традиција за доделување на мартинки.
Мартинката всушност претставува висулец од засукани конци кои се ставаат на 1 март за здравје и кај луѓето е познато дека носат среќа и здравје. Мартинката се изработува од волнено или памучно предиво во 2 основни бои – бела и црвена. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа.
Мартинките се носаат до моментот на првиот виден штрк, и се закачуваат на процветано дрво.
Овој празник уште се нарекува и празник на „Баба Марта“. Освен во Македонија овој празник го сочувале и го негуваат и во Бугарија, Романија, Грција и Србија.Во работилницата учествуваа учениците од IV, V и VI одд., од двете основни училишта ОУ„Климент Охридски“ Облешево и ОУ„Страшо Пин

Пронајдете не на следниве мрежи: