Средба со борци и положување на цвеќе по повод празникот 13 ноември

По повод празникот 13 Ноември и одбележувањето на 72 години од ослободувањето на Скопје, градоначалникот Коце Трајановски утре /13.11.2016 година, недела/ во 9 часот ќе се сретне со претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ. Средбата ќе се одржи во салата до Кабинетот на градоначалникот Трајановски.Делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски, утре /13.11.2015 година/ во 10 часот ќе положи цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на Скопје, на Партизанските гробишта во Бутел.
Во 10:30 часот делегацијата на Град Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски, ќе положи цвеќиња пред споменикот на генерал Михајло Апостолски, на градските гробишта „Бутел“.
Во 11:30 часот делегацијата на Град Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски, ќе положи цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на Скопје, на платото пред зградата на Владата на Република Македонија.Делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски, утре /13.11.2015 година/ во 10 часот ќе положи цвеќиња пред Споменикот н

Пронајдете не на следниве мрежи: