Свечен почеток на новата учебна година во Прилеп

Градоначалникот Марјан Ристески денеска присуствуваше во сите основни училишта во Прилеп, по повод почетокот на новата учебна година.Градоначалникот Марјан Ристески кој им го честита почетокот на новата учебна година на првачињата и на сите ученици посакувајќи им најубави желби во Новата учебна година.
„Нека е честит почетокот на новата учебна година и денот кој особено ќе го паметите Вие, првачињата кои денеска ќе седнете во училишните клупи. Со овој чин, ние ја искажуваме својата гордост и гордоста на Вашите родители, бидејќи созреавте за да можете да се соочите со најголемиот предизвик пред Вас, да учите, да се образувате и да станете еден ден генерација на нови градители на развојот на општеството, посочи градоначалникот Ристески во неговата изјава.
Градоначалникот на сите првачиња им подари распоред за часови со порака за Најубави желби во Новата учебна година, а денеска беше присутен во основното училиште во градот ООУ „Кочо Рацин“ на Рид кое доби нов двор. Реконструкцијата опфати нова ограда, летна училиница (летниковец), зеленило и осветлување со што комплетно се заврши уредувањето на ова основно училиште.Градоначалникот Марјан Ристески кој им го честита почетокот на новата учебна година на првачињата и на сите ученици посакувајќи им најубави желби в

Пронајдете не на следниве мрежи: