Турски бизнисмени во посета на Прилеп

Триесетина турски бизнисмени од Измир, Република Турција, од 17 различни сектори (градежништво, текстил, металургија, рударство, мермер и руда, производство на храна) кои присуствуваат на меѓународната конференција „Унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот регион“, во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, во вториот работен ден од својата работна посета во Р. Македонија, го посетија и Прилеп.Имаа средба со градоначалникот Марјан Ристески, како и со општинскиот тим на ЛЕР и одделението за управување со недвижен имот и остварија средби со бизнисмени од прилепски компании.
При оваа средба градоначалникот ги запозна гостите со можностите кои Прилеп ги нуди за инвестирање во ТИРЗ, можноста за соработка со прилепскиот бизнис сектор и со условите и можностите, кои овој град ги нуди за бизнис соработка со странски и домашни инвеститори.
Во рамките на овие бизнис средби за унапредување на економскиот развој и изнаоѓање заедничка соработка, турските бизнисмени од Измир, во Прилеп ја посетија и текстилната компанија „Комфи Ангел“ со што се запознаа со менаџерскиот тим, организацијата на работа на компанијата и со нејзиното производство.
Инаку,ова е прва меѓународна конференција за унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот регион.
Во интерес на заедничката соработка, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион подготви и водич за инвестирање, преку кој потенцијалните инвеститори имаат можност да се запознаат детално со понудата за инвестирање во пелагонискиот регион.Имаа средба со градоначалникот Марјан Ристески, како и со општинскиот тим на ЛЕР и одделението за управување со недвижен имот и остварија средби со

Пронајдете не на следниве мрежи: