Ракометарите на Вардар Про на убедлив начин ја започнаа одбраната на титулата во регионалната СЕХА лига.
Вардарци во првото коло, во региналното натпреварување убедливо со 34:27 го совладаа белорускиот преставник , Мешков Брест.
Победата на Вардар во ниту еден момент не дојде во прашање, избраниците на Вујовиќ од почетокот наметнаа жесток ритам, кој играчите на Мешков не можеа да го следат.
Раковиќ со шест и Марковиќ со пет гола беа најефикасни во екипата на Вардар, каде голманскиот тандем Милиќ-Мартиновиќ искомбинира 18 одбрани.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.