На Волстрит пад на акциите по четири дена раст

На Волстрит во понеделникот цените на кациите паднаа, откако во петокот до достигнаа највисокото ниво во речиси последните пет години, а под најголем притисок беа минатонеделните најголеми добитници: финансискиот, енергетскиот и рударскиот сектор.

 

Така, индексот Dow Jones ослаби за 40 поени, или 0,30 отсто на 13.553 поени, индексот S&P 500 се намали за о,31 отсто, на 1461 поени, додека индексот Nasdaq падна за 0,17 проценти, на 3.178 индексни поени.

Откако американската централна банка Federal Reserve – Fed минатата седмица најави нови монетарни поттици за економијата, во петокот индексите Dow Jones S&P 500 ги достигнаа највисоките нивоа од декември 2007 година.

Меѓутоа, во понеделникот, првпат по четири дена, сените на акциите паднаа.

Финансискиот сектор, кој беше меѓу најголемите добитници минатата седмица, во вторникот беше најголемиот губитник, па индексот S&P на овој сектор падна zа 1,1 отсто.

S&P индексот на енергетскиот сектор, пак, се лизна за 0,8 отсто, што е во склад со падот на цената на нафтата. Бидејќи падна аи цените на другите сировини, и S&P индексот на рударскиот сектор загуби 1,5 отсто од својата вредност.

Главното прашање на инвеститорите е дали берзанските индекси го достигнаа врвот, па следува нивен пад или, пак, тоа е само земање здив пред продолжувањето на растот.

„Падот на цените е последица од консолидацијата по силниот раст изминатите седмици. Мислам дека сигналот од Fed ќе има траен ефект и ќе го поддржува пазарот до крајот на годината”, вели за Reuters Брус Заро, стратег во фондот „Delta Global Asset Management”.

Меѓутоа, слабиот обем на тргувањето покажува дека инвеститорите се претпазливи. На пазарите Волстрит, Америкен сток ексченјџ и Насдак во вторникот сопствениците ги промениле само 5,6 милијарди акции, додека просечниот обем во 2012 година изнесува 6,5 милијарди акции. Откако беа најавени мерките на Fed минатата седмица беше поголем и од 8 милијарди акции.

А оправданоста дека носењето на американските поттикнувачки мерки беше неопходно, покажаа и во вторникот објавените податоци на Fed за слабеењето на индустриските активности во САД.

Во центарот на вниманието на инвеститорите во вторникот беа и жестоките протести во Авганистан, Индонезија и другите муслимански земји против филмот снимен во САД „Невиноста на муслиманите”, кој беше примен како навреда на исламот и пророкот Мухамед.

Неколку јапонски компании, меѓу кои „Honda”, „Toyota”, „Panasonic”, „Hitachi”, „Mazda”, „Mitsubishi” и „Canon”, пак, привремено ги затворија своите погони и продавници во Кина поради антијапонските протести во врска со територијалниот спор околу малиот архипелаг во Источното Кинеско Море.

И на европските берзи во вторникот цените на кациите паднаа на крајот од тргувањето. Така индексот на берзата во Лондон FTSE се намали за 0,37 отсто, на 5.893 поени, додека франкфуртскиот индекс DAX падна за 0,11 отсто, на 7.403 поени, а парискиот индекс CAC за 0,78 отсто, на 3,553 индексни поени.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: