iPhone 5 е распродаден за еден час или -22 пати побрзо од претходникот

Новиот телефон на Ејпл е производ да се биде или да не се биде  за компанијата изјавува СараЕпс аналитичар  за пазарот на мобилни телефони за Блумберг. Ејпл несомнено ја има лидерската позиција на пазарот за мобилни телефони,но за да остане на врвот, мора постојано  да развива иновациии да биде неколку чекори пред конкуренцијата.

Американската компанија на починатиот Стив Џобс го продолжи рокот за испорака на својот смарт телефон –iPhone 5 за две недели.(првата најава беше една недела)заради големиот број на нарачки, пренесоаденес француските електронски медиуми.Првата залиха којa ја предвиде компанијата е потрошена за еден час,додека за претходникот iPhone 4 залихата се потроши за 22 часа.

Нарачките во најaва за iPhone 5 (цената е од 679 евра па нагоре)се примаат од вчера, а телефонот би требало на 21 Септември да се најде во продавниците на девет земји Сад, Канада, Франција, Велика Британија, Германија, Австралија, Јапонија, Хонг Конг и Сингапур.

Листата за следната недела ќе биде зголемена за 20 земји, а ќе го има во продажба уште во 100 земји до крајот на годината.

Тоа е едноод најбрзите лансирања на пазаротна производ на Ејплдосега, изјавуваат од компанијата.

Телефонот (iPhone ) е еден од крајните производи на кој работел Џобс до неговата смрт. Петката има нов дизајн,хардвер и екран од четри инчикако и нов софтвер така да ќе биде компатибилен со побрзата нова генерација кога е во прашање брзината на пренос на информациите .

Како што објасни директорот на маркетинг Шилер телефонот е тенок окулу 7,6 мм полесен од претходникот, а има два пати побрз процесор, динамичка антена за гласовни и дата сигнали како и подобрени перформанси за радио.

Аналитичарите предвидуваат дека компанијата Ејпл веќе до крај на Септември 2012 би можела да продаде 10 милиони примероци од iPhone5.

мушичка

 

Може да ве интересира

Apple и Samsung добија сугестија од судот да се обидат да се помират

Што преставува спорот меѓу Apple и Samsung за паметните телефони?

Samsung изјави: Apple прв ги украде патентите!

Пронајдете не на следниве мрежи: