Продажбата на таблет-компјутери во 2012 ќе надмине 126 милиони

Loading...

Продажбата на таблети во 2012 година во светот може да достигне 126,6 милиони примероци, а ја зголемуваат iPad-от на Apple и другите производи од помал формат на конкурентските компании, оцени компанијата за маркетиншко истражување HIS iSupply.

Ова претставува пораст од 56 отсто во однос на 2011 година, во која се продадени 82,1 таблет компјутери.

Од HIS iSupply сметаат дека уделот на таблетите со поголем деск, како iPad-от на Apple со 22,9 сантиметри по дијагонала, се „неоспорни лидери“ во овој сектор во продажбата со 59 отсто. Меѓутоа најголем пораст оствариле таблетите од 17,8 сантиметри во дијагоналата, како што се Galaxy Tab на Samsung и Kindle Fire на Аmazоn.

Притоа пазарите шпекулираат деа Apple во октовмри ќе ја претстави и мини верзијата на iPad-oт.

На пазарите на дигиталните таблети и натаму лидер е Apple. Од 25 милиони таблети подадени во вториот квартал од годинава – 17 милиони се iPad. Неговиот главен конкурент Samsung е далеку позади со 2,4 милиони продадени уреди за истиот период.

макфакс

loading...
Loading...