ЦСКА има најголем буџет од сите учесници во Евролигата

Loading...

 

Екипата на ЦСКА Москва има најголем буџет од сите тимови кои ќе учествуваат во новата сезона, во кошаркарската Лига на шампиони.

Рускиот првак и финалист во Евролигата во минатата сезона, во новта сезона има буџет од 38 милиони евра.

„Армејците“ оваа сеозна направија рокада на тренерската позиција, Еторе Месина се врати во клубот, го замени Јонас Казлаускас, а нови играчи во клубот се Владимир Мицов (Канту), Зоран Ерцег (Бешикташ), Арон Џексон (Билбао), Сони Вимс (Жалгирис), Дру Николас (Армани) и Алексеј Зузулин (Спартак Санкт Петербург). 

Клубот го напуштија двајца влијателни играчи руските репрезентативци Андреј Кириленко и Алкесеј Швед кои заминаа во НБА лигата, во Минесота. 

Барселона со 28 милиони евра е тимот кој го има вторито најголем буџет во Евролигата, потоа следуваат Анадолу Ефес (24), Реал Мадрид (23) и Фенербахче (20). 

Барселона успеа да ги задржи главните играчи во тимот: Хуан Карлос Наваро, Пит Мајкл и Еразем Лорбек. Од екипата заминаа Бонифас Н’донг, Чак Ејдсон, Коста Перовиќ и Фран Васкез, а како нивни замени се доведени Шарунас Јасикевичиус, Жадсон Валас, Нејтан Џаваи и Анте Томиќ. 

Ефес, покрај играчите коишто го носеа товарот во минатата сезона, се засили со двајца квалитетни бекови, Џордан Фармар кој доаѓа од НБА лигата и Гордон Лукас. Реал кој долги години чека на шампионската титула, има посилен тим од минатата сезона, од Денвер се врати Руди Фернадез, а нови играчи се Маркус Слејтер и Донте Дрејпер.  

Фенербахче минатата сезона беше едно од најголемите разочарувања во Евролигата, поради тоа за тренер е донесен Симоне Пјаниџани, кој од Сиена ги донесе македонскиот репрезентативец Бо Мекејлеб и центарот Дејвид Андерсен. 

Во Фенер од Панатинаикос пристигнаа Мајк Батист и Ромејн Сато, а нови играчи се и турските репрезентативци Ермис Барис и Илкан Караман. Стручњаците сметаат дека Фенербахче е еден од топ фаворитите за освојување на Евролигата. 

Што се однесува до екипите со најмал буџет, на дното на листата се полскиот Проком, францускиот Шалон со по пет милиони евра, односно белградски партизан (4,5 милиони евра) и Олимпија Љубљана со буџет од четири милиони евра. 

Буџет на кошаркарските тимови во Евролигата:

1. ЦСКА Москва (38 млн. евра), 2. Барселона (28), 3. Анадолу Ефес (24), 4. Реал Мадрид (23), 5. Фенербахче (20), 6. Олимпијакос (19,5), 7. Макаби (19), 8. Панатинаикос (18,5), 9. Химки (18,5), 10. Емпорио Армани (16), 11. Каха Лаборал (16), 12. Уникс (16), 13. Жалгирис (11,5), 14. Уникаха (11,5), 15. Монтепаски (11), 16. Бросе баскет (8,5), 17. Алба (8), 18. Цедевита (7), 19. Бешикташ (6,5), 20. Лијетувас Ритас (6,5), 21. Проком (5), 22. Шалон (5), 23. Партизан (4,5), 24. Олимпија (4). 

 

Макфакс

loading...
Loading...