Стартува вториот Вип Андроид предизвик

Loading...

ПСМ Фондација во соработка со Vip, Samsung и Eferio го стартуваат вториот Vip Android предизвик.

На прес – конференцијата која се оддржа денес, 13.09.2012, во Клуб на Новинари во Скопје, беше најавен вториот VIP Android предизвик, кој започнува од 13.09.2012 и ќе трае се до 13.11.2012 кога е краен рок за поднесување на апликациите.На прес-конференцијата, на присутните им се обратија Наташа Петкова, проектен менаџер во ПСМ Фондација, Генералниот извршен директор на Вип, Никола Љушев, извршниот и оперативниот директор на Eferio Никола Ѓеорѓиев, кои најавија дека ќе оваа година ќе има и тренинг за сите заинтересирани програмери, се со цел  да креираат што е можно поквалитетни апликации , а ќе биде направена и подобра промоција преку  отворањето на локална продавница на која ќе се промовираат апликациите.

ПСМ Фондација пак, ќе организира два типа на обуки, Android обука за програмирање  и обука за започнување бизнис. 

 

Предноста на учесниците на обуките е што тие ќе имаат можност за директно учество во натпреварот и можност да добијат награда во категоријата Дебитант на предизвикиот (https://android.vip.mk/prizes).

Наградата за најдобрата апликација ќе биде делење на 90% од профитот остварен од продажба на апликацијата, промоција на апликацијата во рок од 12 месеци како и Samsung Galaxy Note 10.1. Другите победници ќе добијат 80% во корист на програмерот, промоција на апликацијата во период од 3 месеци и Samsung Galaxy S3. Сите детали за Vip Android предизвикот ќе може да ги прочитате на android.vip.mk

loading...
Loading...