Лажна дојава за бомба го затвори аеродромот во Софија

Лажна дојава за бомба го затвори аеродромот во Софија, јавуваат бугарските медиуми.

Во среда во 13.30 часот била испратена дојава дека е поставена бомба на Терминалот 1 на аеродромот во Софија.

Терминалот бил веднаш изолиран, а патниците биле евакуирани. По деталната проверка полицијата соопшти дека дојавата за бомба била лажна.

Пронајдете не на следниве мрежи: