ЖРК Металург во Трондхајм по виза за шампионската лига

 

Ракометарките на Металург, во петок во раните утрински часови, ќе заминат за Трондхајм, Норвешка, каде ќе учествуваат на квалификациониот турнир, преку кој ќе се обидат да изборат место во фзата по групи во Лигата на шампиони.

Покрај Металург и домаќинот Бјасен, на турнирот ќе учествуваат и преставничките на Германија и Холандија, Букстехудер, односно Далфсен. 

Македонските шампионки првиот натпревар ќе го одиграат во сабота, со почеток во 14:30 часот, противнички ќе им бидат ракометарките на Бјасен. Букстехуде и Далфсен ќе ги одмерат силите во вториот меч, чиј почеток е закажан за 17 часот. 

Победниците во недела ќе се борат за место во Лигата на шампиони, додека поразените ќе го одиграа мечот за третото место.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: