Осомничени 32 грчки политичари заради корупција

Грчката полиција осомничи 32 политичари за незаконско богатење, соопшти во четврток Министерството за финансии.

Одделението за финансиски криминал спроведува истрага против сегашните и поранешните политичари, градоначалници и вработени во државната администрација, се наведува во пишаниот одговор на министерот за финансии Јанис Стурнарас до грчките парламентарци.
„Во моментот под истрага се 32 политичара“, соопшти тој, додавајќи дека во тек е проверка за тоа дали нивниот имот е во согласност со приходите што ги пријавиле. Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: