Намален кредитниот рејтинг на Србија

Loading...

 

Бонитетната куќа Дан и Бредстрит и го намали кредитниот рејтинг на Србија, која од групата земји со умерен ризик, се најде во групата високоризични земји.

Како главни причини за намалување на рејтингот се наведуваат забавениот економски раст и растечкиот фискален дефицит, објави во четврток куќата Рејтинг, која ексклузивно ги застапува интересите на компанијата Дан и Бредстрит во Србија и Црна Гора.

Според аналитичарите од Дан и Бредстрит, растот на дефицитот е последица на нерационалното трошење од страна на претходната влада пред изборите и наглиот пад на приходите заради забавениот економски раст.

Од европските земји во групата високоризични со Србија се Грција, Русија, Азербејџан, Грузија, Казахстан и Украина.

Во регионот и натаму најдобар рејтинг имаат Словенија и Хрватска, кои припаѓаат на земјите со благ ризик,  а следат Бугарија, Македонија, Романија, Албанија и Унгарија, како земји со умерен ризик.

Понизок рејтинг во регионот од Србија има единствено Босна и Херцеговина.

Преземено од Макфакс.

loading...
Loading...