Вори се повлекува од репрезентацијата

 

Игор Вори повеќе нема да игра за хрватската ракометна репрезентација: Во разговор за германскиот Bild, досегашниот капитен на репрезентацијата, рекол дека веќе го одиграл својот последен натпревар во националниот тим.

„Сé уште не сум разговарал со селекторот, но решив дека мечот со Унгарија е последен што го одиграв во репрезентативниот дрес“, изјавил Вори. 

Хрватската ракометна репрезентација својот последен натпревар го одигра на Олимписките игри во Лондон, кога во борбата за бронзениот медал ја совлада Унгарија. 

Вори со Хрватска има освоено два златни медала (СП 2003 и ОИ 2004), три сребрени медала (СП 2005 и 2009, ЕП 2008) и две бронзи (ЕП 2012 и ОИ 2012). 

„Не можам повеќе да продолжам во овој ритам, на моето тело му е потребен одмор. Во екипата на Хамбург секогаш играм по 60 минути“, изјавил Вори, кој во четвртокот го прослави 32-от роденден. 

За разлика од Вори, неговиот соиграч од репрезентацијата и екипата на Хамбург, Блаженко Лацковиќ, нема намера да го пропушти Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се одржи во Шпанија. 

Инаку, тренерот на Хамбург, Мартин Шваб, им сугерирал на своите играчи, поради густиот распоред во сезоната, да го пропуштат Светското првенство. 

„По европското во Србија и олимпијадата во Лондон, доаѓа светско првенство, значи три големи турнира во само една година. ракометарите речиси немаат време за одмор или регенерација“, рекол Шваб.

 

Макфакс

 

Извор: bild 

Пронајдете не на следниве мрежи: