2,3 МИЛИОНИ ЕВРА ќе нѐ чини косење на трева и сечење на гранки по патиштата во Македонија. На веб-страницата за јавни набавки вчера е објавен договор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта познато како „Македонија пат“ и компанијата ГРИН ТИМ од Битола. Предмет на набавката е косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во времетраење од 2 (две) години. Вредноста на рамковната спогодба е 143.960.000 денари или нешто повеќе од 2,3 милиони евра.

На јавниот оглас се јавиле три компании.

Во огласот е наведено дека компанијата треба да ги исполнува следните услови.
– минимален годишен приход за последните три години 2022, 2023 и 2024 година не помалку од 60.000.000,00 денари , – да поседува одредена минимална вредност на показатели на работењето, вклучувајќи и споредба со показателите на просекот на дејноста поврзана со предметот на јавната набавка, односно: • Вредноста на показателот на општа ликвидност, искажан во процент, задолжително да биде минимум ист или над просекот на дејноста за 2024 година • Вредноста на показателот на коефициент на економичност, искажан во процент, задолжително да биде минимум ист или над просекот на дејноста за 2024 година, • Вредноста на показателот на бруто маржа, искажан во процент, задолжително да биде минимум ист или над просекот на дејноста за 2024 година, • Вредност на показателот на профитна маржа, искажан во процент, задолжително да биде минимум ист или над просекот на дејноста за 2024 година. IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор
– со образовните и професионални квалификации на давателот на услуги или на изведувачот на работи или на неговиот менаџерски кадар, под услов тие да не се евалуираат како критериум за избор на најповолна понуда
: Персонал 1. Градежен инжинер со најмалку 3 (три) години работно искуство во градежната дејност. (мин. 1) 2. Сообраќаен инжинер со најмалку 3 (три) години работно искуство во сообраќајна дејност. (мин. 1) 3. Геометар геодетски техничар (геометри) со најмалку 3 (три) години работно искуство во градежната дејност (мин. 1) 4. Работници – Општи работници кои ќе бидат задолжени за извршување на предметот на набавка (мин.40) кои треба да поседуваат Уверение за безбедност и здравје при работа 5. Да располага со обучен технички персонал возачи- управувачи на возилата (Трактор или мултифункционално возила , Специјални возила за собирање и транспорт на комунален смет , Транспортни средства – камиони) (мин. 10)
– со изјава за инструментите, постројките или техничката опрема, која давателот на услугите или изведувачот на работите ја има на располагање за извршување на договорот: 1. Трактор или мултифункционално возило со опрема за мулчарење и косење (мин. 4) 2. Специјални возила за собирање и транспорт на комунален смет ( мин.5) 3. Специјална автматизирана машина за косење, кастрење на гранки и грмушки на клучки и косини – робот (мин.1) 4. Возилата, механизацијата и опремата – (Трактор или мултифункционално возила , Специјални возила за собирање и транспорт на комунален смет , Транспортни средства – камиони и опремата) потребно е да поседуваат систем за следење на возилата со помош на ГПС уред односно автоматизиран систем на менаџмент со опрема, возила , дигитализирани работни процеси. Опрема 1. Рачни моторни пили (мин.15); 2. Рачни косачки (мин.15); 3. Машина за мелење гранки (мин. 2)



