23 годишно момче се фрли од 15 метарски мост на срце нацртано на плочникот

Невозвратената љубов најверојатно била причината за Филип Џ. (23) да се фрли 15 метарскиот Бранков мост во Белград само 2 часа после полноќ.Неговото тело го пронашла патролата на интервентната единица на полицијата. Иако момчето давало знаци на живот, сепак реанимацијата која му била пружена не дала никакви резултати.
Телото било пратено на обдукција и се чека потврдата за неговото самоубиство или пак се работи за нешто друго.
Се сомнева дека Филип извршил самоубиство поради невозвратената љубов. Тој тешко го поднел раскинувањето со неговата девојка и од тогаш бил во лоша емотивна состојба.
Неговите другари, како и неговото семејство, на секој можен начин се обиделе да му помогнат и да му ги отргнат мислите од таа девојка. Кога мислеле дека успеале во тоа, се случило трагедија.
Пред да се фрли од мостот, Филип бил излезен со своите пријатели, а како што потврдил неговиот најдобар другар, тој се задржал таму само пола час после полноќ.
„Сите бевме кај еден наш другар, каде се шалевме и смеевме. Филип не покажуваше дека му е тешко или нешто слично. Напротив, си поминавме многу убаво и после сите си отидовме накај дома.
За трагедијата дознав рано наутро и од тогаш навака постојано се прашувам што се случило и како од нашата населба стигнал до Нов Белград. Зошто го направи тоа и зошто се фрлил баш на срцето нацртано на земјата е прашање на кое никогаш нема да добијам одговор.

 
Тоа што знам е дека со таа девојка раскина оддамна. Се уште не можам да поверувам“ – изјавил еден од неговите другари.
Вработената во една продавница во близина на неговиот дом изјавила дека Филип бил многу заљубен во една девојка, но таа љубов никогаш не му била возвратена.
„Многу ме потресе веста кога разбрав дека Филип повеќе го нема. Во сеќавање ми остана еден ведар лик, постојано насмеан и млад човек кој секогаш умееше да се пошегува.
Пред некој ден кога дојде тука не покажуваше знаци дека нешто го мачи, но повеќе не збореше за таа девојка. Порано кажуваше за неа, дека е заљубен и дека се заедно, но набрзо се разделиле.
Многу ми е тешко за него и за неговото семејство. Зошто го направил ова и како неговото семејство ќе го поднесе ова, навистина незнам.“ – изјавила вработената во продавницата каде Филип постојано пазарел.Неговото тело го пронашла патролата на интервентната единица на полицијата. Иако момчето давало знаци на живот, сепак реанимацијата која му била пр

Пронајдете не на следниве мрежи: