Фрлени јајца врз автомобилот на албанскиот премиер Сали Бериша

Врз автомобилот во кој во петок во Рим се возел албанскиот премиер Сали Бериша било фрлано со јајца од стана на приврзаници на лбанската партија „Црно-црвена алијанса“, информира албанскиот весник „Тема и“, во електронското издание.

Првично група Албанци со знамиња ракоплескале, а премиерот мислел дека тоа се негови приврзаници. Но во еден момент врз автомобилот почнале да се фрлаат јајца, по што возилото на Бериша со голема брзина се оддалечило од местото на инцидентот.

Албанскиот премиер се наоѓа во Рим, каде присуствува на самитот на партиите на десниот центар на Европа.

Албанските медиуми јавија дека на маргините на самитот во Рим, Бериша ќе се сретне и со грчкиот премиер Антонис Самарас, со кој ќе раговара за територијалните води меѓу Албанија и Грција.

Дел од медиумите и опозицијата сметат дека владата на Бериша тајно преговара со Атина за нови територијални поделби на морето.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: