Запленети 4,5 тони шверцувано кафе

Царинските власти во Албанија запленија 4,5 тони кафе на пристаништето во Драч коешто било пристигнато од Виетнам, а внесено  во Албанија од Италија.

Директорот на Царината во Драч Јаце Хисоли изјави дека наведената количина кафе била откриена во камион за кој било пријавено дека внесува 20 тони кафе. Но кога пратката била измерена во царина имало повеќе кафе од пријавеното.

Полицијата информираше дека виетнамското кафе кое требало да биде шверцувано, било наменето за пазарот во Тирана.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: