24 години од масакрот кај Карпалак: Бранителите без решен статус – терористите на слобода

Осми Август е еден од најмрачните денови во поновата историја на Република Македонија. Денес се сеќаваме на десетте македонски херои, чиј конвој беше нападнат од заседа поставена од (сега амнестираните) терористи на УЧК и го изгубија својот живот. Нивната жртва останува врежана во колективната свест на македонскиот народ, како симбол на непокор и верност кон татковината.

Делегација на Левица предводена од членот на Президиумот Александар Симонов на Карпалак и делегација предводена од пратеникот Сашко Јанчев на спомен одбележјето во Прилеп, положија свежо цвеќе, во сеќавање, непребол и чест за загинатите херои.

Дваесет и четири години по масакарот, македонскиот народ се уште бара само правда за бранителите и одговорност за терористите. За жал, потсетуваме дека предавничката политичка елита со Законот за амнестија изгласат во 2011 година за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ, вратата на правдата за македонските херои ја затворија. Но, потсетуваме, воените злосторства не застаруваат, а Левица од позиција на власт, ускратената правда во Македонија е спремна да ја добие на меѓународна инстанца.

Статусот на бранителите повеќе од 20 години не е решен. И во овој парламентарен состав, закон најпрвин беше блокиран од Илире Даути која поднесе оставка од Комисијата по Интерпелацијата на Левица. Претседателот на Собранието Африм Гаши продолжи да го блокира овој закон и за истиот доби Кривична пријава од Левица чие процесурање го чекаме. И најскандалозно од се, кога пратеничката Благица Ласовска од ДПМНЕ, како претседавач противделовнички не дозволи Законот за бранителите да се најде на дневен ред пред пратениците на Комисија за социјална политика, демографија и млади.

Македонскиот народ не заборава на предавствата направени од сопствените политичари. Борбата за правда за бранителите не е завшена!

Слава на хероите.

Пронајдете не на следниве мрежи: