Докузовски и Војдан Стојановски во квалификациите за пласман во Евролигата

 

Во италијанскиот град Деси, во вторник започнуваат квалификациите за единственото преостанато место, во кошаркарската Евролига.

Осум екипи ќе се борат за преостанатото место, а победникот ќе игра во А групата заедно со Фенербахче, Химки, Олимпија, Реал Мадрид и Панатинаикос. 

Дел од октетот кој се бори за пласман во кошаркарската елита ќе бидат поранешниот македонски селектор Марин Докузовски кој ја предводи екипата на Лукиол и репрезентативецот Војдан Стојановски кој го носи дресот на Доњецк. 

Лукоил на Докузовски, во вторник од 20:45 часот ќе го одигра својот меч против Канту, Доњецк на Војдан Стојановски во среда во истиот термин ќе игра против Ле Ман. 

Според прогнозите најголеми фаворити се екипите на италијанскиот Канти и рускиот Уникс, кои минатата сезона имаа забележителен настап во Евролигата. 

вторник, 25.септември:
18 ч. Нимбурк-Остенде
20:45 ч. Канту-Лукоил

среда, 26. септември:
18 ч. Уникс-Улм
20:45 ч. Ле Ман-Доњецк.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: