Секој четврти Бугарин и’ плаќа мито на државата

Во јавните служби во Бугарија изминатата година просечно имало 150 илјади случаи на мито месечно, што значи дека секо четврти Бугарин кој бил во контакт со државната управа плаќал мито, се наведува во извештајот објавен во вторникот произлезен од истражувањето за корупцијата во земјата.

Истражувањето го спровело Центарот за истражување на демократијата кое не покажало колкав е обемот на митото изразен во пари, но покажува повторен раст на корупцијата по опаѓањето на појавата во 2009 и 2010 година.

Со околу 70 отсто од случаите, митото било платено по барање на државните службеници. Тој податок не е во склад со тврдењето дека корупцијата во Бугарија е вкоренета во народот како резултат на долгогодишната историска и културна традиција, изјавија во извештајот експертите во Центарот за истражување на демократијата.

Истражувањето укажува дека не е можно корупцијата да се надвладее само со строги контроли и правосуден прогон, дури и кога би се зголемил бројот на луѓето во институциите коишто се борат против корупцијата. Единствена можност се „темелните реформи“ на државната управа и јавниот живот воопшто, сметаат експертите.

Според процените на Центарот, секојдневната корупција во Бугарија е двојно поголема отколку во повеќето земји членки на Европската унија. Од корупцијата во соседна Бугарија најмногу е погодена полицијата, особено сообраќајната, потоа здравството, правосудството и царината.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: