Кошаркарската репрезентација меѓу носителите на жрепката за Евробаскетот

Loading...

 

Кошаркарската репрезентација на Македонија, ќе биде носител на една од групите на Европското првенство, чиј домаќин следната година ќе биде Словенија.

Македонија, заедно со репрезентациите на Шпанија, Франција и Русија извлекувањето на групите ќе го чека од првиот „шешир“. 

Извлекувањето на групите ќе биде одржано на 18-ти ноември во Постојна, а ќе бидат составени четири групи со вкупно шест селекции. Прелиминарната рунда ќе ја минат првите три од секоја група. 

„Шешир“ 1: Шпанија, Франција, Русија, Македонија
„Шешир“ 2: Литванија, Грција, Словенија, Велика Британија
„Шешир“ 3: Италија, Хрватска, Германија, Црна Гора
„Шешир“ 4: Финска, Полска, Украина, Босна и Херцеговина
„Шешир“ 5: Грузија, Белгија, Летонија, Турција
„Шешир“ 6: Чешка, Србија, Израел, Шведска

Европското првенство во Словенија ќе се одржува од 4 до 22. септември, титулата ја брани селекцијата на Шпанија.

 

Макфакс

loading...
Loading...