Црна Гора во НАТО во 2014 година?

 

Црна Гора во 2014 година би можела да стане полноправна членка на НАТО, оцени Одделението за истражување на колеџот на Алијансата во Рим.

Црна Гора моментално се наоѓа во Акциониот план за членство, кој се смета за предворје на полноправното членство во НАТО.

Во анализата на Одделението за истражување на колеџот на НАТО во Рим, како што пренесуваат црногорските весници, се наведува дека Црна Гора напредувала во својата подготовка за членство во Северноатланскиот сојуз.

За Црна Гора се наведува дека од 2009 година, кога во декември ја почна процедурата за подготовка низ Акциониот план за членство, значајно напредувала во процесот на приклучување во НАТО, што отвора можност на наредниот самит на Алијансата тема да биде влезот на нови членки.

Политиката на отворени врати, секогаш се истакнува на сите собири на Алијансата, а НАТО никогаш не ја напуштил, се наведува во анализата и се додава дека западниот Балкан и понатаму е важен за Северноатланската алијанса.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: