Лукоил на Докузовски загуби од Канту

 

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Марин Докузовски со бугарскиот шампион Лукоил Академик, загуби на квалификацискиот турнир за пласман во Евролигата.

Во италијанскиот град Деси каде се игра турнирот, во четвртфиналниот меч, Лукоил е поразен од домаќинот Канту со 79:87. 

Двата тима одиграа целосно израмнет натпревар, во кој Канту со клучната предност се стекна во последната четвртина, кога со серија од 7:2, во првите три минути стекна предност од девет поени. 

Најефикасни кај победникот беа Тајус со 18 и Маркоишвили со 15 поени, од кои 13 постигна во првото полувреме. Во екипата на Докузовски, со по 21 односни 18 поени најпрецизни беа Американците Хит и Воткинс. 

Канту во првото полуфинале на турнирот ќе игра против чешката екипа Нимбурк која во четврфиналето го совлада Остенде со 83:65. 

Во среда ќе се одиграат останатите две етвртфинални средби, македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски со Доњецк за противник го има Ле Ман, во вториот меч ќе играат Уникс и Улм. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: