Владо Илиевски, е нов играч на хрватскиот тим Цедевита, еден од фаворитите за освојување на титулата во регионалната АБА лига.
Поранешниот македонски репрезентативец, кој до последен момент се споменуваше и како можно засилување на МЗТ Скопје Аеродром, минатата сезона играше во екипата на Локомотив Кубан, со која го раскина договорот.
32-годишниот Илиевски во екипата на Цедевита, која ќе настапува и во Евролигата, повторно ќе соработува со тренерот Божидар Маљковиќ, двајцата во минатата сезона беа дел од Локомотив.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.