Стојановски со Доњецк поразен од Ле Ман

Loading...

 

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски со екипата на Доњецк не успеа да го мине четвртфиналето на квалификациониот турнир за пласман во Евролигата.

Доњецк загуби од Ле Ман со 55:61 и во полуфиналето ќе игра против Уникс, кој лесно го совлада Улм со 91:73. Стојановски на мечот со Ле Ман на паркетот мина 21 минута, време за кое постигна 11 поени на кои придодаде два скока. 

Бекот на Доњецк поради пет лични грешки не го доигра натпреварот до крај. Стојановски беше втор стрелец на тимот, зад Перкинс кој постигна 15 поени. 

Инаку двата тима одиграа израмнет натпревар, во кој ниту еден тим немаше поголема предност од шест поени, а клуч за поразот на Доњецк беа загубените топки, вкупно 20, седум повеќе од противникот.

 

Макфакс

loading...
Loading...