недела, 22 ноември 2026
Најново

Внукот на Туѓман претепан во Нови Сад

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 

Внукот на Фрањо Туѓман, 26-годишниот Игор, во четврток вечер побарал лекарска помош  во белградскиот Ургентен центар, тврдејќи дека во Нови Сад го тепале непознати момчиња, дознава Blic.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Игор Туѓман побарал помош десетина минути пред полноќ. А тврдел дека три часа порано во хотелот „Стари фијакер“ во Нови Сад го претепале непознати момчиња.

Исто така, се наведува дека тој е повреден и дека во хотелот бил заедно со Наташа Туѓман.

Полицијата ги проверува неговите наводи.

Игор Туѓман во јуни мистериозно исчезна, а во потрагата по него се вклучија и српската и хрватската полиција.

Инаку, тој подолго време се обидува да се пробие како фолк ѕвезда во Србија, а се пријавил и за учество во следната сезона на „Јас имам талент“.

Игор Туѓман е во сродство со починатиот хрватски претседател по таткова линија, затоа што Фрањо бил роден чичко на неговиот татко.

Сепак, фамилијата Туѓман од војната наваму, не функционира баш најдобро и членовите меѓусебно не комуницираат.

Макфакс

Поврзани вести