Две третини од жените ја чуваат старата облека, надевајќи се дека повторно ќе стане модерна, покажало истражувањето на британскиот синџир супермаркети „Теско“.
Некои од нив се доста поврзани со класичните парчиња, па ги носат и по 20 години.
Околу 80 отсто од испитаниците сметаат дека секоја жена во плакарот треба да има класични парчиња како мал црн фустан и струкирано сако.
Повеќето од учесниците во анкетата се согласиле дека четвртина од гардеробата треба да се менува од сезона во сезона, во зависност од модните трендови.
Како што пренесува „Дејли мејл“, на жените не им е проблем да потрошат многу пари на квалитетна облека, бидејќи знаат дека ќе ја носат со години. Некои од нив откриле дека класичните парчиња ги носат и по 20 години.
„Предноста на класичните парчиња на облека е во тоа што можете да ги комбинирате со новите трендови, а така ќе заштедите пари“ велат од „Теско“.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: