Стартува новата сезона во АБА лигата

Loading...

 

Во петок започнува 12-та сезона во регионалното кошаркарско натпреварување, АБА лига. По прв пат оваа сезона актуелниот првак нема да ја брани титулата, откако израелскиот Макаби го откажа учеството.

МЗТ Скопје Аеродром, заедно со унгарскиот Солнок, ќе дебитираат во ова натпреварување, „аеродромци“ воедно се првата македонска екипа која учествуваат во АБА лигата. 

Доколку правилата, во текот на сезоната, не бидат сменети, тогаш регионалната лига ќе биде и еден вид на квалификации за пласман во Евролигата во следната сезона. 

Амбициите на МЗТ во деби сезоната се да избори пласман во средниот дел од табелата, како најголем фаворит се издвојува Цедевита, екипа која благодарение на големиот буџет успеа да формира респектибилен состав. 

Новата сезона во АБА лигата во петок ќе ја отворат Партизан и Задар, односно Игокеа и Широки. останатите натпревари ќе се одиграат викендов:

Сабота, 29.септември:
Цибона-МЗТ
Раднички-Олимпија
Будуќност-Цедевита
Сплит-Црвена звезда

Недела, 30.септември
Крка-Солнок.

 

Макфакс

loading...
Loading...