Борис Бакиќ е нов играч на МЗТ

 

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром го реши прашањето на плејмејкерската позиција, со ангажманот на Борис Бакиќ.

Леворакиот бек е висок 195 сантиметри има 26 години, а во кариерата настапувал за Будуќност, Партизан, Црвена звезда и Раднички Крагуевац. 

Плејмејкерската позиција која ќе ја пополни репрезентативецот на Црна Гора, беше испразнета откако МЗТ реши да го раскине договорот со Американецот Брендон Вуд, кој не ги оправда очекувањата на раководството на клубот. 

Бакиќ на МЗТ ќе му се приклучи по враќањето на екипата од Загреб, а доколку ги мине лекарските прегледи, во дресот на македонскиот првак ќе дебитира на мечот со Широки, кој на програмата е во среда на 3. октомври. 

МЗТ Скопје Аеродром, во сабота, во Загреб, против Цибона ќе го одигра натпреварот од првото коло во АБА лигата.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: