Кошаркарите на Канту ја комплетираа листа на учесници во Евролигата, откако на последниот квалификациски турнир максимално ја искоистија предноста на домашниот терен.
Канту во завршниот меч забележа убедлива победа над Ле Ман од 65:44.
Италијанскиот тим, кој втора сезона по ред ќе биде дел од кошаркарската елита, до победата стигна во првиот дел од натпреварот кога се стекна со предност од 16 поени.
Во првото полувреме играчите на Кану максимално го искористија ошиот шут за два поени на противникот, Ле Ман во првите 20 минути уфрли само 42 отсто од ударите за два поени.
Францускиот тим се обиде да ја надополни негативата во второто полувреме, но најмногу се приближи на негатива од девет кошеви.
Канту до победата го предводеа Мартен Лунен со 15 и Лука Арадори со 12 поени, Ѓао Паоло Батиста со 15 поени беше најефикасен играч на Ле Ман.
во Евролигата ќе игра во А групата заедно со Панатинаикос, Реал Мадрид, Химки, Фенербахче и Унион Олимпија.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: