Ова лето носете костими во пастелни бои

Ова се неколку едноставни предлози кои веднаш можете да ги практикувате. Летото е синоним за раскроени фустани, отворени сандали, шешири, лимонада во рака и секако море!
Но, кога сме во ситуација кога летото мора да го поминеме работно, на памет често имаме и дрес код кој мора да одолее на високите температури.
Покрај класичните комбинации кои подразбираат црни панталони и бела кошула, нашиот предлог овој пат се комбинации во пастелни бои кои дефинитивно се во тренд оваа сезона.
На +35 степени исто така можеме да изгледаме модерно ако одбереме модел од фин, лесен материјал во боја која нема да привлекува сончеви зраци. Нежни розови бои, беж, небесно сина и зелена боја.
За наша среќа во тренд се опуштените, спортски костими во пастелни нијанси кои модерните девојки ги комбинираат со бели патики.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.