Пудинг од чиа со бадеми и суво овошје

Состојки:

150 мл. млеко од бадем
2 големи лажици чиа семе
1 голема лажица брашно од бадем
1 мала лажица мед
По потреба сушени кајсии, брусница и чипс од јаболко

1. Во еден сад се измешуваме чиа семето и ситно мелените бадеми.
2. Во длабок сад се става млекото и медот (засладувачот) се меша додека не се растопи.
3. Во садот се додава претходно измешаното чија семе и бадемите.
4. Откако ќе се промешаат убаво сите состојки садот се покрива со капак или со фолија и се остава во фрижидер.
5. Смесата се промешува убаво и се претураа во чаша.
6. Одозгора се додаваат сувите кајсии, брусницата , листовите јаболко.
– Најдобро е пудингот да се остави во фрижидер да стои една вечер и да се конзумира наредниот ден.
– Може да се приготви и со кравјо млеко.
– Секако можат да се користат и најразлични додатоцки (лешник, орев, кокос) како и најразлично сушено или свежо обошје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.