Широки му врачи отказ на Моровиќ

Loading...

 

Лошиот почеток и поразот во првиот меч во АБА лигата, предизвикаа потреси во екипата на Широки, следниот противник на МЗТ Скопје Аеродром.

Широки на домашен терен загуби од Игокеа со 69:63, а начинот на кој екипата го загубила натпреварот предизвикал големо незадоволство кај раководството на клубот. 

Најлошо помина плејмејкерот Ведран Моровиќ, кој со клубот го раскина договорот. Искусниот организатор на играта, според раководните луѓе на Широки, во подготвителниот период и на натпреварот со Игокеа одиграл далеку под своите можности. 

Малку подобро од Моровиќ поминаа младинските репрезентативци на Хрватска, Иван Рамљак и Борис Бараќ, кои поради „лошата игра и недоволниот ангажман на натпреварот со Игокеа“ добија парични казни, пренесува интернет страницата на клубот. 

 

Макфакс

извор: hkksiroki.com

loading...
Loading...