Најголем инвеститор во земјава за септември-жена!

После последната информација која стигана од не толку проверени колку сигурни извори.Овој месец за човек кој најмногу допринел за зголемување на странскиот капитал во земјава се прогласува жена.Нејзиното име е познато и признато во Бинго круговите а посебно во делот на Гребките.Госпоѓицата со иницијали Н.Г иако има црногорско потекло сепак за своја земја ја смета Македонија па токму заради тоа не дозволила одлевање на странскиот капитал во нејзината втора татковина.

Таа лично, на сопствен трошок користејќи сопствен шарм, сопствена насмевка (со порцелански заби),сопствена надградба на коса и мајчин јазик.Успеала да го привлече, довчлече, увлече и навлече турскиот бизнисмен да инвестира во Mакедонија.
Уште одамна нејзините блиски знеле дека погоре именуваната има нос да намириса добар капитал. Ама сега се навистина изненадени.Па изјавуваат:
“Знаевме дека има нос за да намириса нешто добро, ама откако ја направи операцијата за корекција на носот искрено се плашевме да не се поремети нешто. Сепак овој нејзин успех покажа дека не залудно се фрлени парите на пластика.“
Турскиот инвеститор со име ДЕЧКОНАНАТ АЛИ не беше достапен за коментар.

Предупредување:Оваа вест е невистинита и нема допирни точки со реалната ситуација.Претставува само хумористичен начин на гледање на дневно-политичките збиднувања во земјава.И има единствена цел -да ве насмее.

Преземено од Вработување.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: