Биелса го исфрлил Љоренте од тренингот

 

Откако минатата сезона беше една од најуспешните во историјата на фудбалскиот клуб Атлетик Билбао, новата сезона започна со многу проблеми за екипата од Баскија.

Покрај заминувањето на еден од клучните играчи, Хави Мартинез и незадоволството на Фернадо Љоренте, што раководството не му дозволи да си замине, на почетокот од сезоната екипата бележи лоши резултати. 

Атлетик по шест одиграни кола во Примера има само една победа и со скромно пет бода се наоѓа на 17-то место на табелата. 

Сезоната започна со конфликтот кој тренерот Марсело Биелса го имаше со работниците кои изведуваа градежни работи во спортскиот центар на Атлетик, по што Аргентинецот поднесе и оставка на тренерската функција. 

Целата ситуација кулминира отворениот судир во кој влезе Билеса со напаѓачот Љоренте. 

Шпанските медиуми пишуваат дека Билеса откако имал расправија со шпанскиот репрезентативец, го исфрлил од тренингот. 

Љоренте не е во прв план оваа сезона и извесно е дека тој во јануарскиот преоден рок ќе го напушти тимот.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: