Убиецот на Мексиканката во Сплит е бездомник

Сплитската полиција го уапси убиецот на Мексиканката Селена Маргарит Грасиано Маседо, објави Slobodna Dalmacija повикувајќи се на неофицијални, но многу доверливи извори.

 

Сплитската полиција успеа да го реши случајот на бруталното убиство на 31-годишната Мексиканка, а наводно уапсен е млад човек од Сплит, бездомник, кој досега на полицијата и бил познат како извршител на помали казнени дела.

Може да се насети дека станува збор за жител на импровизирана населба во близина на сплитската населба Марјан, во која живеат бездомници и наркомани.

Бруталното убиство ја вознемири хрватската јавност.

Убиецот на Мексиканката и го пресекол вратот, а потоа телото го покрил со паднати лисја, додека во близина бил најден закопал ранец во кој се најдени нож, самолеплива лента, четири сендвичи, два фотоапарата на туристката и дрес на ФК Милан натопен со крв.

Полицијата најпрво се сомневаше на нејзиниот брат кој заедно со неа престојувал во Сплит, а потоа дресот на Милан ги одведе до турист од Нови Сад, за кои се покажа дека немаат врска со убиството.

Сплит, 03.10.2012 (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: