Како да изгледате свежо и во есен?

* Променете ја бојата на косата

Промената е секогаш добра, особено кога се работи за косата. Но, ако постои страв кај вас за големи промени, тогаш пробајте само за нијанса да ја смените бојата на косата. Тоа не е ни малку ризично ниту драстично, а косата ке добие нов сјај. Оваа есен се тренд светлите прамени, а постепениот премин од темна во светла коса е вистински погодок.

*Променете ја вашата фризура

Ако со години имате ист стил, крајно време е да направите некоја промена. Почеток на нова сезона, почеток и за вас. Со шишањето на косата до рамена, можете да постигнете класичен изглед кој секогаш ‘пали’, а е едноставна за одржување, совршена за вечерни фризури но и за преку ден на работа. Исто така, ако сте решени да ризикувате, една од тренди фризурите за оваа есен ја донесе Ријана со својата pixie фризура, која на неа одлично и прилега.

*Направете шишки

Ако не сте расположени да ја скратите косата за која толку време сте изгубиле за да ја одржите да биде долга, а потребна ви е некаква промена тогаш идеално решение се шишки! Ова е идеален период за шишки бидејќи не е веќе лето (барем за некое време),па тие нема да ви претставуваат проблем. Сепак шишките бараат големо внимание, константно фенирање или пеглање кое понекогаш знае да биде вистински напор.

 

Оттука, ако шишките се преголем предизвик за вас, секогаш можете да ја скратите косата степенесто. Со тоа ја задржувате должината на косата, а ќе ја постигнете и потребната промена.

 

Промената на вашата коса е многу поисплатлива и поефтина од купувањето на нова гардероба. Затоа ви го препорачуваме овој начин да внесете промена и свежина за оваа сезона.

 

Ви предлагаме да ги погледнете следниве статии:

Chanel – Пролет 2013

Make up трендови за оваа зима

Жените ја носат истата облека и по 20 години

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: