Интересни парчиња во ИН бојата за оваа сезона

Оваа есен и зима ќе бидат актуелни силни бои кои ќе ја оцртуваат женственоста и племенитоста на понежниот пол. Тука влегуваат виолетовата, сината и бордо бојата. Најголем хит ќе биде сината, односно кобалт бојата, како што ја нарекува модниот свет.Ова име настанало во далечната 1802 година, кога Louis Jacque Thenard случајно открил пигмент кој им ласка на блондинките и жените со руса коса. Во тоа време, оваа боја била позната само во Кина, каде што ја користеле за да ги бојат порцеланските украси. Кобалтот, меѓутоа, не бил одсекогаш актуелен во модните кругови. Тој зема залет во 2009 година кога Phoebe Philo, за дизајнерската куќа Celine, креираше два прекрасни фустани во оваа боја.

Еден од главните промотери на оваа боја е војводката Кејт Мидлтон, која токму одбра фустан во оваа боја за да ја објави својата свршувачка со принцот Вилијам. Исто така, се почесто можеме да ја забележиме и Џенифер Лопез на црвениот тепих во разни креации во кобалт боја. Лив Тајлер е новата “жртва” на оваа боја, која се почесто може да се забележи во новите модели на легендарната Стела Мекартни. 

 

 

 

 

Најголемата предност на оваа боја е што е навистина лесна за комбинирање. Пред се, тука се црните потпетици и црното сако со кои фустан во оваа боја секогаш ќе изгледа модерно и тренди. За да ја освежите, можете да користите бели парчиња од вашиот плакар, посебно кога станува збор за сини фармерки, односно панталони. Не заборавајте на вашиот златен накит, кој скоро секогаш ќе дојде до израз во некоја ваква комбинација.

 

 

 

 

 

 

 

Погледнете ги и следниве информации од оваа рубрика:

Make up трендови за оваа зима

Како да изгледате свежо и во есен?

Пронајдете не на следниве мрежи: